ШоуБиз

За Селена Бибер е само незрело дете…

Селена Гомез наводно размислува да ја прекине врската со Џастин Бибер. Според американските медиуми, овој млад пар се наоѓа во криза и тоа главно поради незадоволството на

Селена. Пејачката мисли дека Џастин е премногу детинест и дека тоа сè повеќе ѝ смета.

–        Пречесто се разделени. А кога се заедно, Џастин сака да гледа филмови и да игра видео игри. Неа тоа многу ја фрустрира, таа е веќе вистинска млада дама и има поинакви приоритети. Времето кое го поминуваат заедно покажува дека нешто навистина не е во ред. Селена сака почесто да излегуваат, а Џастин ужива во домашна атмосфера, – изјавил извор близок на двојката.

Сепак, Бибер е и натаму вљубен во својата девојка. На прашањето на новинарите дали тоа е вистина, тој одговори: „Па, не би бил во врска со некоја во која не сум заљубен“.

Напиши коментар