Убавина

За што се може да ја употребите четката за заби?

Четката за заби е дел од нашето секојдневие. Секое утро го започнуваме токму со неа. Но, знаевте ли дека освен што со четката ги миете вашите заби, може да ја употребите и за нешто друго?

Нормално, не истата онаа која ја користите за забите, четката може да ви помогне да ги скротите немирните веѓи.

Четката за заби може перфектно да ви користи за прецизно нанесување на фарба за коса, особено кога го корегирате само коренот.

Четката за заби може да ги скроти и бебешките влакна, оние кои знаат многу да изнервираат кога излегуваат од сите страни и со ништо не може да се скротат. Прснете само малку лак за коса и поминете со четката за заби по косата. Косата ќе изгледа перфектно мазна.

 

Напиши коментар