Најновата колекција нема да се најде во продавниците на „H&M“ пред 17-ти ноември, но мајсторот на италијанската модна марка „Версаче“- страшната Донатела Версаче, вчера направи забава во Њујорк, по повод кампањата „Версаче за H&M“.

Настанот се случил на специјално дизајнирано место покрај реката Хадсон. Голем број на ѕвезди како Џесика Алба, Блејк Лајвли и Џенифер Хадсон биле дел од модниот спектакл. Донатела ја поканила ексцентричната раперка Ники Минаж да настапи и да ги забавува присутните гости.

Ники, меѓу другото, ги испеа и своите најголеми хитови „Moment 4 Life“ и „Roman’s Revenge“, а тука може да видите како сето тоа изгледаше:



