Откако поранешната слугинка на Џон Ленон одлучила да го продаде неговиот заб на аукција, на почетокот барала 10.000 фунти. Аукцијата е одржана изминатиов викенд, а забот постигнал скоро двојна сума од првично бараната.
Продаден е за, верувале или не, 19.000 фунти. Новиот сопственик на забот сакал да остане анонимен, но се претпоставува дека најверојатно се работи за еден од бројните јапонски обожаватели на пејачот.
