ШоуБиз

Загрејте се со жешкото тело на Ирина Шајк!

Еве ви уште една мотивација да се држите до одлуката да го доведете своето тело во совршена состојба во новата година. Ирина Шајк е девојка по која паѓа секој маж и на која би ѝ љубоморела секоја женска.

Руската убавица на сликите рекламира долна облека за германската компанија „Lascana“, а нејзината сексуалност уште повеќе се потенцира со црно-црвениот градник и француските жартери. Нејзината фигура е без маана, рамен стомак и извајано тело.

Неодамна таа изјави дека обожава да оди на шопинг и тоа сама, за никој да не ја брза. Додава и дека девојките имаат голем натпреварувачки дух кога станува збор за освојување на нечие машко срце. Сепак, признава дека нема многу додворувачи.

–          Можеби сум премногу зафатена, но можеби и се плашат од мене! – вели таа.

Write A Comment