Убавина

Заштитете ја кожата со ултра ефективната маска од тиква

Тиквата е еден од даровите на есента, неспорно многу вкусна и полезна. Таа содржи големо количество каротен и витамини кои се наопходни за кожата. Освен за целиот организам, тиквата е магично средство кое ќе ја направи кожата здрава и блескава во студените зимски месеци бидејќи содржи повеќе од 100 компоненти кои се полезни за кожата.

За приготвување на маската од тиква ќе ви биде потребно две лажици пире од тиква, една чаена лажичка  мед и половина лажица кисело млеко. Се меша до создавање на изедначена каша и се нанесува на лицето при што се остава да делува 15 минути. Ако имате сува кожа кон маската може да додадете мала лажичка павлака, а за оние од вас со мрсна кожа додадете ¼ лажичка јаболков оцет или исто количество сок од боровинка.

Напиши коментар