Убавина

Здрава храна за здрава кожа

Здравјето влегува низ уста. Она што го јадеме се одразува на тоа како изгледаме и како се чувствуваме. Некои производи се добри за косата, некои за внатрешните органи, за расположението, а еве кои производи влијаат на здравјето и убавината на кожата.

Цинкот е од суштинско значење за намалување на воспалението и иритација на кожата. Го намалува лачењето на масти, кои понатаму влијаат на намалување на сјајот на кожата и во создавањето на акни и мозолчиња. Со цинк се богати говедското месо, бадемите, семките од тиква и сл. Исто така, пигментите каротеноиди кои ги има во мангото, дињата, морковите, спанаќот, доматот и компирите, го смируваат воспалението на кожата и ја заштитуваат од бактерии.

Сјајната, свиленкаста кожа не трпи производи како бело брашно. За да ја зачувате млада, мека и сјајна, преминете на нерафинирани јаглени хидрати кои ќе ги најдете во црн ориз и црно брашно и во рок од два месеци ќе ги решите сите проблеми кои дотогаш сте ги имале со кожата.

Напиши коментар