Убавина

Здрави навики за цврсти и убави нокти

Ноктите се убави колку што се здрави. Обликувањето, негата, но и исхраната имаат многу големо влијание за изгледот на вашите нокти.

Исхрана за цврсти нокти

Ноктите се состојат од протеин керотин, па затоа исхраната треба да се состои од протеини. Јадете риба, безмасно црвено месо, млечни производи, јајца, грав…

Што се однесува на третманите за нокти, може да ги правите и самите дома. Важно е ноктите да ги кратите со турпија, а не со грицкалка која може да предизвика пукање на ноктот.

Лимонот може да ви помогне

Секогаш кога сте во можност масирајте ги ноктите со лимон. Најдобро е во половинки лимон, од кои ќе го исцедите сокот да ги ставите прстите и нежно да ги триете. Тоа ќе ги зајакне ноктите.

 

Напиши коментар