ШоуБиз

Жените велат: Анистон е најдобра!

Џенифер Анистон е позната личност со најпосакувано тело, барем така сметаат повеќето жени кои гласале за анкетата на магазинот „Yahoo/Fitness“.

Оваа година, Џенифер Анистон доби повеќе гласови од Хали Бери која се најде на второто место и од Бијонсе која се најде на третото место.

> on October 17, 2011 in Los Angeles, California.” src=”http://boza.mk/wp-content/uploads/2011/10/v221793p1.jpg” alt=”” width=”336″ height=”500″ />

Меѓу првите пет се и старлетата Ким Кардашијан и поранешната девојка на Леонардо ДиКаприо, Блејк Ливели.

Анистон е и предмет на „машките желби“, од причина што многу од нив би сакале нивните партнерки да имаат тело како оваа славна актерка.

Во машка конкуренција победил Вил Смит, пред Даниел Крег. Бред Пит е најпосакуван маж во категорија над 40 години.

Напиши коментар