ШоуБиз

Жерард Батлер бара женска за озбилно:)

Актерот Жерард Батлер, кој е познат по бројните љубовни авантури, изјавил дека конечно е подготвен да се смири и да влезе во врска. Жерард (42) вели:

–  Би сакал да се смирам и да имам во животот некоја што вистински ќе ја љубам. Но, тоа ќе се случи кога ќе му дојде време, не сакам да се форсирам. Кога пробувам и планирам нешто, најчесто не ми се остварува.

Жерард донесол уште една животна одлука. Тој повеќе нема да се плетка со актерки со кои заедно снима филмови и тоа поради претходните непријатни искуства.

–  Тоа е опасен пат. Кога снимаш филм со некого, тогаш таа личност ја запознаваш доста добро, па многу е лесно да станеш опседнат со таа личност и да мислиш дека се работи за љубов, а не е така. Во кариерата сум имал неколку врски со актерки со кои заедно сум работел и на крај сè завршуваше катастрофално. Врската ќе се распаднеше на сред филм и потоа беше многу потешко нормално да се снима и работи, – заклучува Батлер.

Напиши коментар