Ова е вистински претпразничен празник за очи.
Жизел Бундшен е новата среќничка која е главен модел за најновата кампања за пролетната колекција на Версаче.
Првата слика од колекцијата се најде на интернет страниците, а на неа гордо исправен стои бразилскиот супермодел Жизел. Таа се наоѓа покрај еден базен и на чекор е да влезе во него.
Облечена е во кожен градник и здолниште од истиот материјал, дел од пролетната колекција на Донатела Версаче. Сепак, ќе почекаме да излезат и другите фотки за нашите впечатоци да бидат комплетни.
Задни мисли?

