ШоуБиз

Животот на Анџелина Џоли ѝ е како снимање филм!

Актерката и режисерка Анџелина Џоли успева секогаш да постигне сè што ќе намисли и тоа во исто време. И снима филмови, и работи за хуманитарни организации, а секако таа е една од најпожртвуваните мајки и сопруги на светот. Токму семејниот живот ја натерал да почне да се занимава со режисерство.

–          Мојот секојдневен живот со Бред и со децата е многу сличен на снимање филм. И на едно и на друго место има луѓе кои нешто бараат од мене. Вршењето повеќе работи истовремено низ дома ме претвори во режисер. Морам да сочувствувам со екипата, односно со семејството. За време на снимањето, како и дома, имам мајчински инстинкт за целата екипа, – изјавила Џоли.

Write A Comment