Да ја разбиете монотонијата и сивилото во вашиот дом, украсете го станот со жолти детаљи.

Најлесен начин да го поправите расположението и да направите атмосфера на сончев ден во својот дом е да си поиграте со жолтата боја.

Има многу начини на кои може да ја искористите жолата боја во декорација на просторот, еве неколку едноставни идеи за кои нема да ви требаат многу време и пари.

– Поглед кон вазна со жолто цвеќе во истиот момент го буди расположението.

– Помеѓу перничиња со сива или кафеава боја едно со жолта боја ќе биде како зрак сонце во вашата дневна соба.

– Обојте ги со жолта боја саксиите за цвеќе

– Да ја освежите дневната соба доволно е еден ѕид да обоите во жолта боја. Без разлика дали ќе ја обоите лимон жолта или некоја друга наијанса, вашата соба ќе сјае со полн сјај

– Наполнете чинија на трепезариската маса со банани, портокали и лимони. Празник за очи!

– Жолтата одлично се комбинира со бојата на лаванда. Искористете ја оваа комбинација во спалната соба.

– Светло жолти пешкири на сини плочки евоцираат спомени на сончево лето

 

Напиши коментар