ШоуБиз

Жртва на лажна насловна! Тејлор од „Самрак“ признал дека е геј…

Младиот и надежен актер Тејлор Лотнер од познатата сага „Самрак“ се нашол на мета на авторот на една прилично несолена шега. На насловната страница на списанието „People“ е објавена лажна вест за него.

На насловната пишува дека мускулестиот Тејлор признава оти е хомосексуалец. Пишува и дека на филмската ѕвезда му се смачило од нагаѓања и сега ексклузивно признава дека е геј.

Признавајќи, наводно многу му олеснало. Главниот задолжен за односи со јавност на списанието веднаш излегол со изјава дека веста е лажна, а Тејлор сеуште се нема огласено по повод оваа лага. Голем број негови пријетели и колеги веќе му честитале на Твитер за признавањето на вистината, која по сè изгледа е една голема невистина.

Write A Comment