20 тренд парчиња во оваа топла боја
Иако светлите летни бои веќе ги оставивме зад себе, нема причина зошто со доаѓањето на студеното време би се лишиле од нив, и во својот живот не би внеле малку живост. Една од идеите е смарагдно зелената боја, која буквално беше присутна на сите есенски модни писти но и во овие студени денови таа доживува повторна ренесанса. Ова боја е одлична комбинација со црната, но за создавање интересни колор блок комбинации, а во колку малку се двоумите дали таквата нијанса ќе ви прилега или не, добро би ви дошло сознанието дека смарагдно зелената подеднакво добро изгледа на светла и темна кожа, како и различните бои коса.
Луксузно дизајнираните парчиња во ова боја се појавуваат како капути, чевли и торби. Stella McCartney има многу класичен, но со многу приметлива боја капут, додека Marni во својот класичен стил си поиграл малку со отпечатени материјали. Balenciaginaта ‘City Bag’ торба еволуираше појавувајќи се во скоро сите можни бои, па така ова зима неизоставна е и смарагдно зелената нијанса, а Marc Jacobs може да се пофали со неодоливите мали украси кои со ова боја би делувале како зачин на секоја комбинација. Charlottа Olympia сугерира платформа, како и Brian Atwood, кој ја сокри во своите чизми до глуждовите.
Високата улична мода не заостанува по тоа прашање. На Asos буквално можете да пронајдете било какво парче облека во таа боја. Нам ни се допаднаа чипкастите фустанчиња, кои се многу модерни ова сезона, плетените џемпери и неодоливите миди здолништа во таа нијанса, кои одлично би изгледале со рамни или високи чизми до колена. Многу се модерни и модните додатоци во вид на прекривки за глава, од кои би ги издвоиле популарните модели шешири со широк обод, како и турбан капчето, кое ќе ве топли цела зима.
Изборот од 20 парчиња за ова зима во смарагдно зелена боја, можете да го видете во нашата галерија.


















