Motherhood

Значењето на семејните оброци

За жал се почесто се случува заедничките семејни оброци да го отстапат местото на преполнетиот распоред со должности, прекувремената работа и обврските кои ги носи современиот живот.

Сепак, истражувањата јасно покажуваат дека заедничките семејни оброци нудат огромен број на здравствени и социјални придобивки за вас и за вашите деца.

Заедничките оброци имаат мноштво предности за вас:

Имате поголема контрола врз квалитетот и квантитетот на изборот на храна на вашето семејство.

Второ јадењето заедно ви овозможува да всадите здрави ставови кон храната во вашите деца. (децата имаат тенденција да ги имитираат нивните родители во врска со храната). Истражувањето покажало дека семејствата кои редовно се собираат околу трпезата имаат:

Повеќе единство

Поголема љубов еден за друг

Подобро поврзување со браќата и сестрите

Децата имаат посреќни погледи на животот

Ова се случува затоа што заедничките оброци даваат можност за поврзување и разговор за важните лични и семејни проблеми. Тоа им помага на малите деца да научат како да се однесуваат позитивно во рамките на групата и да го искажат своето мислење во структурирана средина.

Како да го соберете вашето семејство заедно.

Се разбира дека може да се случи не сите членови на семејството со ревност ќе ги прифатат семејните оброци. Еве неколку совети:

Јадете седнати околу масата, а не пред телевизор.

Обидете се да ги направите оброците забавни така што вашите деца да не се желни да се вратат веднаш пред ТВ или компјутер.

Дозволете им на вашите деца да учествуваат во подготовката и изборот на храната, така тие ќе се чувствуваат вклучени.

Од витално значење е комуникацијата и со вашите деца за време на оброкот, а не само со вашиот партнер. Прашајте ги како си го поминале денот или разговарајте за она што нив им е важно.

Имајте во предвид дека заедничките оброци не се прилика да им ги кажете на вашите деца сите работи со кои ви одат на нерви. Тоа е загарантиран начин со кој ќе ги одалечите.

Бидете истрајни, дури и ако тоа е тешко на почеток. Навиката и разговорот со текот на времето ќе станат се полесни, а вашиот труд ќе биде награден.

Напиши коментар