ШоуБиз

Зошто сопругот на Ким ползи по аеродроми?:)

Крис Хемфри е страшно лут. Зошто? Епа, си го изгуби венчалниот прстен кој вреди десетици илјади долари.

Сопругот на Ким Кардашијан морал да го извади венчалниот прстен додека на аеродромот поминувал низ детекторот за метал. Кога сакал повторно да го стави на прстот, прстенот му се слизнал и паднал.

Кошаркарот веднаш го фатила паника и се наведнал да го бара по подот. Еден од патниците го препознал и му помогнал во барањето.

–   Прстенот му падна несакајќи, а тој веднаш почна да паничи. Почна со ползење да го бара насекаде околу металниот детектор. Никој не се обиде да му помогне, па јас се решив да побарам заедно со него, – изјавил патникот Омар Ахмад.

Омар на крај успеал да го пронајде прстенот и чесно му го вратил на Крис, кој би требало да најде соодветен начин да му се заблагодари на финиот сопатник.

Напиши коментар