Убавина

„ Мачкести очи“ – водечки мејк ап стил за оваа сезона

Еден од водечките мејк ап стилови за оваа сезона се „мачкестите очи“, кои визажистите ги советуваат за посебни прилики и вечерни варијанти.

Суштината на овој начин на шминкање е во тоа, очите да бидат врамени и истакнати со црно моливче или ајлајнер, преку прецизна линија извлечена од внатрешноста на окото, која финишира во извртена, закосена линија, која на окото му дава сосема нова форма.

Со овој мејк ап на очите, идеално одговара црна и сива сенка за очи, а ако се љубител на малку подискретна шминка, може да комбинирате златна, сребрена, зелена и темно кафеава нијанса. Со оглед дека очите се максимално истакнати, за усните бирајте нежни кармини или нанесете само малку безбоен сјај за усни.

Напиши коментар