Не може да се каже дека есенската колекција на Givenchy за 2012 е женствена или пак елегантна. Поточно можеме да ја опишеме и да ја определиме како пријатна и топла, идеална за студените месеци. Боите се претежно во зимската гама, црно, кафеаво, бежово и сиво но има и јарко црвени елементи и такви со интересни принтови. Силуетите се прави и често асиметрични, со многу остри агли.