Денес ќе ви претставиме една крајно елегантна пролетно-летна колекција која припаѓа на така актуелниот правец во модата моментално – минимализмот. Секако дека се во сила и други модни тенденции како цветниот дезен и различните принтови, но парчиња кои припаѓаат на минимализмот се секогаш присутни на модниот подиум, за луѓето кои го знаат значењето на фразата: помалку е повеќе!








