Рок групата од Лас Вегас, оваа година го објавуваат својот четврти студиски албум.
Веста за повторното собирање на бендот по излетот на фронтменот во соло водите, го потврди и самиот пејач Брендон Флауерс.
– Ќе издадеме нов албум оваа година, – изјавил Флауерс за БиБиСи. „Сите сме во студиото и супер е што повтoрно сите заедно правиме врева“.
Фронтменот на американската рок група открил дека песните на новиот албум ќе звучат „малку поинаку“.
– Ќе пробаме да го извлечеме најдоброто од нашата досегашна музика и да направиме нешто ново во комбинацијата со нешто поинвентивно.
