Вистинска наслада за очите и фантазијата се колекциите наменети за високата мода на големите модни куќи зошто тие не потопуваат во креативниот свет од идеи. По време на Неделата посветена на високата мода во Париз, Армани го представува своето дизајнерско шоу посветено на природните метаморфози. Акцентот беше најсилно насочен кон змиската кожа. Змијата како симбол на гревот, а во многу интерпретации и на самата жена – основен мотив во колекцијата.



