Здраво тело

10 Брзи совети за здравје во канцеларијата

Појадувајте

Појадокот го поставува вашиот метаболизам за претстојниот ден. Луѓето кои појадуваат, општо јадат помалку во текот на денот, отколку оние кои не појадуваат.

Земи си пауза

Пауза = мир на умот. Мир на умот = енергија и фокус. Енергија и фокусирање = продуктивност. Треба да кажаме повеќе?

Направете си од дома вкусен ручек

Направете го вкусен, ако јадете работи кои немаат добар вкус нема да бидете задоволни и ќе завршите во потрага по нешто друго… како по колаче долу во вашата омилена кафе продавница.

Јадете далеку од својата маса

Кога го јадете вашиот ручек додека одговарате на вашите пораки, тоа е исто како да ги јадете вашите пораки. Додека јадете, најдобро е да се фокусирате на јадење. На крајот, подобро ќе се вари храна во вашиот стомак. Исто така, ќе се сеќавате на вашето јадење и ќе се чувствувате позадоволни од него. Уште еднаш, ќе ја спречите потреба за колачето.

Бидете внимателни со пиењето кафе

Верувајте, не забележувате како станувате нервозни се додека не го намалите. Повеќе од две шолји ќе ве направат нервозни и нема да имате трпение да ги завршите обврските.

Не го загревајте вашиот ручек во пластичен сад во микробранова печка

Пластика ќе навлезе во вашата храна и ќе го зголеми ризикот од развивање на рак.

Ако е можно, возете велосипед или пешачете од дома до работа

Има толку многу предности  овој совет. Ќе пристигнете на работа со здрав сјај, ќе имате можност полека да размислите за тековните обврски додека пешачите и вдишувате воздух кој нема да го имате во текот на денот додека седите во канцеларија.

Пијте зелен чај

 Во 15:00 често испијте една шолја зелен чај или спирулина. Тоа ќе ве разбуди и ќе ви ја даде потребната енергија за остатокот од денот.

Апетисаните се супер канцелариска закуска

Тие се полни со растителни масти и протеини. Овие две хранливи материи помагаат во одржувањето на вашата енергија во текот на долг временски период. Кога вашата енергија се одржува, вие ќе бидете во можност подолго да се фокусирате и да бидете попродуктивни. А високо-јаглено хидратните закуски, како крекери или мафини често ќе ви дадат краток наплив на енергија … а потоа неизбежен пад … па оттука и потребата за онаа трета чаша кафе.

Вклопете го вашето вежбање, и пред да стигнете до дома тој ден

Домот е удобност. Ако стигнете дома, после долг ден во канцеларијата, утешно ќе се приберете дома. Сепак, вежбањето е тоа кое ќе ве натера да се чувствувате подобро, а не каучот. Ќе го кажеме ова повторно – вежбајте пред да стигнете дома во текот на денот.

Напиши коментар