Art & Crafts

10 – ка за едноставен и среќен живот

Животот всушност е многу едноставен, меѓутоа ние сме се поупорни да си го искомпликуваме.

Пред Вас се неколку совети кои ќе ви помогнат да го направите Вашиот живот поедноставен, а истовремено со помалку стрес.

*Учите од минатото, и кога ќе научите избегајте од него!!!

Грешките од минатото би требало да не научат како да имаме добра иднина, а не да се плашиме од неа. Не ги носете своите грешки со себе, наместо тоа сместете ги „под своите нозе“ и искористете ги како скалило до Вашите животни успеси.

*Вашето битно е најбитно за Вас

Определете што е битно а што небитно во Вашиот живот. Се што не е битно елиминирајте го!!!

*Фокусирајте кон продуктивност

Немојте само да ги правите работите само за да се сработат, работете го она што Ве исполнува, бидејќи резултатите се поважни од времето кое е потребно тие да се постигнат. Застанете и прашајте се дали тоа што го работите е вредно за трудот кој го давате?

*Пружете го она што сакате да ви се врати

Од другите го добивате најдоброто доколку го давате најдоброто од себе. Почнете да го практикувате златното правило „ако сакате љубов давајте љубов“. Ако сакате пријатели бидете друштвени, сакате пари, осигурујте ја нивната вредност…Навистина лесно!!!

* Престанете да бидете се на секого!!!

Немојте да се трудите да бидете пријател со секого, подобро имајте блиски пријатели, пробајте да бидете се за една позитивна личност. Невозможно е да им помагате на сите нели!!!

* Срцето знае најдобро

Престанете да правите неморални работи, само затоа што можете да ги правите. Бидете искрени спрема себе и другите. Не правете неверство, бидете добри, правете добри дела… правете ги вистинските работи, а срцето ќе Ви каже кои се тие работи!!!

*Бидете ефективни

Насочете го Вашиот живот со помош на нови начини на решавање на проблемите. Концентрирајте се на една работа, бидејќи така Вашите вредности ќе бидат видливи за другите, а Вие ќе добите екстра вредност во очите на другите.

* Совршеност не постои

Насмејте се секогаш кога ќе имате можност, не затоа што животот е совршен, туку затоа што Вие сте одбрале да бидете среќни и благодарни. Морате да го прифатите фактот дека животот и луѓето не се совршени…Меѓутоа и тоа е во ред, се што треба да направите е да пробате да бидете среќни со она што го имате.

* Стоп за непотребното драматизирање

Решете се од непотребните драми и луѓето кои ги создаваат. Никогаш не создавајте непотребни драми и избегнувајте ги драматичните „жртвите“ личности. Животот е прекраток за да некој Ви ја шмукува Вашата среќа.

* Заборавете на она што другите мислат за Вас

Една од најголемите човекови слободи и едноставно да не се замарате со мислењето на другите. Некогаш едноставно треба да се земе малку воздух и да се потсетите кои сте и што сакате да бидете. Ризикувајте, не прифаќајте сигурни и едноставни одлуки, не им давајте на ситните души да ве уверат дека Вашиот сон е само сон.

Напиши коментар