Убавина

10 паметни одлуки за вашата убавина

Купувајте козметика со заштитен фактор – да дури и во зима ова е паметна одлука.

Бидете дива, барем еднаш месечно – освежете го вашиот изглед со некој новитет. Па така, ако никогап не сте ставиле црвен кармин, направете го тоа побрзо. Исто така, можете да направите нешто поразлично со вашата фризура или пак да ставите силна боја лак на вашите нокти.

Освежете ја својата кожа – ако исто млеко за тело користите веќе подолго време, направете нешто ново. Направете пилинг на кожата и ставете од новото млеко за тело.

Регенерирајте ја својата коса – ако сакате да изгледате негувано морате редовно да се шишате, повремено да ја одмарате косата од фенирање и пеглање, како и да користите препарати кои и ја враќаат свежината и природниот изглед на вашата коса.

Бидете еколошки свесни – не бараме да се оптеретувате, но сепак размислете на тоа. За почеток купете некој козметички пепарат кој е еколошки тестиран. Кога ќе станете свесни за резултатите ќе продолжите со купување и на други.

Ставете крај на лошите навики – сите имаме вакви навики.  Но тоа не значи дека треба да ги задржиме. Од пушењто се добиваат брчки, алкохолот ја суши кожата… па кога ги знаете сите негативни влијанија време е да ставите крај и да имате подобар изглед.

Престанете сами да да сте си козметичар – немојте да г допирате лицето, ниту пак да ги стискате малите акни.

Спијте повеќе – добриот сон е извор на убавина.

Исчистете го својот мобилен – сте забележале дека на десната страна повеќе ви се појавуваат црвенила, акни и мозолчиња? Време е да го исчистете својот телефон кој е полн со бактерии.

Направете римејк на омилените фотографии – тагнати сте на стотици слики на Фејсбук? Тогаш направете селекција на оние кои сте испаднале најубаво. Набљудувајте ги една по една и заклучете каде највеќе си се допаѓате, на пример повторете ја истапираната коса, златната нараквица, се она што прави да се чувствувате добро и убаво.

 

Напиши коментар