Здраво тело

10- те навики на здравите личности

Спроведеното истражување на меѓународната асоцијација Healthy Life , чија примарна цел беше откривање на тајните на здравите луѓе, даде резултати. Имено резултатите ги открија Топ 10 – те навики на здравите луѓе.

Погледнете кои се тие…

1. Здравите луѓе на храната гледаат како на гориво

Здравите луѓе разбираат како храната го негува нивното тело. Храна е гориво, која ги оспособува да уживаат во животот, а не уживање од храна само по себе. Тие наоѓаат други начини да бидат среќни.

2. Имаат активен стил на живот

Здравите луѓе се активни. Вежбањето е составен дел од нивниот живот. Тие поминуваат малку време пред телевизор или компјутер, и на тој начин се трудат да постигнат повеќе успеси во животот. Разликата помеѓу седење пред телевизор и стоење на нозе е клучна компонента на здравиот живот.

3. Тие знаат како да се носат со стресот

Стресот е нашиот најголем и најподол убиец. Здравите луѓе не се нервираат за ситници.

4. Тие се опкружени со позитивни луѓе

Луѓето кои не опкружуваат најмногу влијаат врз нас. Ако се дружите со позитивни личности кои имаат здрави навики и Вие полесно ќе ги практицирате истите.

5. Тие ја работат работата која ја сакаат

Ве нервира ли вашата работа? Здравите луѓе успеваат да ја најдат работата која ја сакаат..

6. Тие постојано работат на самодовербата

Луѓето со поголема самодоверба изгледаат поздраво и добро се носат со работите со кои се соочуваат. Кога ќе падната тие се дигаат веднаш на нозе не се расплакуваат.

7. Здравјето им е приоритет

Тие никогаш не се откажуваат од своето тело. Независно колку се зафатени, редовно посетуваат стоматолог, шетаат, вежбаат пазат што јадат. А телото ми враќа со 100 пати поголема придобивка… Тие се среќни!!!

8. Тие често се смеат

Насмеаноста провоцира среќа, а среќата здравје. Здравите луѓе ја разбираат врската помеѓу здравјето и среќата.

9. Умереноста е нивниот животен – мотив

Здравите луѓе не претеруваат со ништо, без разлика дали тоа нешто е здраво или штетно. Ни здравите луѓе не се совршени и тие може да „забегаат“ кон штетни нешта, но секогаш тоа го надополнуваат со нешто друго.

10. Делуваат превентивно

Здравите луѓе не чекаат проблеми, туку ги надитруваат. Имаат редовни прегледи и се грижат за секој дел од своето тело.

Напиши коментар