Art & Crafts

12 Величествени правила за среќа…

Доколку сакате да бидете среќни и задоволни, морате да му пристапите на животот со одреден став и секогаш да го гледате од поведрата страна…

Прирджувајте се кон следниве 12 правила за среќа

1. Бидете оптимисти !!!

Животот е  полн со секакви искуства. Дури и болните, треба да ги прифатите дека, сепак после тоа постои некаква шанса. За да размислувате за „ полупразна чаша“, пробајте лошите искуства да ги претворите во свои предности на долги патеки.

2. Давајте љубов !!!

Да се има сочувство за луѓето во својот живот и сознание дека некој Ви е важен, е најголемиот предуслов за среќа. Поминувајте го секој слободен миг со драги луѓе.

3. Бидете храбри !!!

Да се биде храбар, значи  да се однесуваш во согласност со личните вредности. Ако се однесувате спротивно, ќе војувате сами со себе. Определете се кон нештата кои Ви се важни, гордоста ќе допринесе за сатисфакција.

4. Секогаш имајте можност за избор !!!

Луѓето кои се сметаат за самостојни и можат сами да решаваат и одлучуваат имаат три пати повеќе шанси да бидат задоволни од животот.

5. Бидете проактивни !!!

Најсреќните луѓе секогаш се во потрага по нови искуства, благодарение на посебната желба за живот. За да ги поттикнете Вашите внатрешни страшни, секојдневно правете по една грешка. Тоа ќе Ве охрабри да пробате нови искуства кои во спротивно би ги избегнале поради страв од неуспех.

6. Бидете сигурни !!!

Сигурноста подразбира убаво чувство во опкружувањето во кое живеете. Среќните луѓе се горди на она што се. Тие не се робови на популарност или финансиски статус.

7.Чувајте го здравјето !!!

Телото и умот се поврзани, затоа, грижата за себе отвара многу врати и придонесува за среќа. Здравје не значи секогаш да сте во топ форма, туку да живеете со полни бели дробови.

8. Бидете духовити !!!

Луѓето кои имаат изразена духовитост, се позадоволни од останатите. Овој факт асоцира на тоа дека можеби животот има подлабоко значење, надвор од општо познатото.

9. Бидете алтруисти !!!

Несебичното давање без очекување е еден од најдобрите начини одлично да се чувствувате. Алтруизмот Ве поврзува со другите, Ви дава цел.

10. Имајте перспектива !!!

За светот да го набљудувате од позитивна точка, секогаш споредувајте се со најлошото можно сценарио. Кое секако не е Вашиот случај.

11. Нека Вашиот ден се состои од многу хумор !!!

Смеењето доведува до психолошки промени кои прават да се чувствувате добро. Трудете се секојдневно да искусите минимум една смешна ситуација.

12. Имајте цел !!!

Да се има причина поради која секојдневно станувате од кревет, е најголемо задоволство. Ако пак не сте сигурни во Вашата цел, нека Ваша цел биде да ја пронајдете.

Напиши коментар