Убавина

2 во 1: Крема и маска од авокадо и јогурт

Оваа волшебна крема, а воедно и маска од потполно природни состојки , можете да ја направите и сами дома.

Измиксирајте едно авокадо, а потоа додадете 5 лажици полномастен јогурт и повторно измиксирајте. Додадете неколку капки сок од лимон и измешајте.

Вака подготвена крема, нанесете ја на исчистено лице, со нежно масирање. Оваа смеса можете да  ја користите и како маска: На лицето нанесете подебел слој и оставете 15 минути да делува. Отстранете ја со парче од памук и измијте го лицето. Потоа по потреба нанесете хидрантна крема.

За подобро освежување , оваа маска најдобро чувајте ја во фрижидер. Освен тоа на тој начин ќе го продолжите рокот на траење.

 

Напиши коментар