Керозин

2012 Hulme F1

Hulme F1 е именуван во чест на Denny Hulme, единствениот Формула 1 шампион од Нов Зеланд и двоен CanAm шампион.  Шасијата ќе биде изградена од уникатни елементи – карбон/титаниум/кевлар заедно со композитни панели за да се обезбеди вкупна тежина од само 1.080 килограми. Ќе се карактеризира со Ф1 стил висока гравитациона сила и ќе биде опремен со најновите системи за абсорпција на удари и целосно развиен ABS електронски помошен систем за да се обезбеди безбедно возачко искуство.

Hulme F1 ќе биде придвижуван од рачно изграден, турбо мотор со 700 КС развиен во соработка со “Nicholson McLaren”. Hulme вели дека ќе обезбеди неверојатна снага, додека дополнителни официјални податоци за перформансите ќе бидат прикажани покасно.

Hulme веќе ги прифаќа договорите за “опции за купување” за нивниот нов Roadster и првите испораки ќе бидат направени кон крајот на 2012 година. Откако производството ќе започне, Hulme F1 ќе биде изграден во ограничен тираж од 20 единици.

 

Напиши коментар