ШоуБиз

Нов имиџ на Џим Кери! Долга руса коса:)

Кога станува збор за менување изглед и правење смешни фаци, најсилно оружје на Џим Кери се неговите незаменливи изрази на лицето. Но, она што вчера го направило да изгледа поинакво од вообичаено била долгата руса перика.

Со периката, со лажните тетоважи и со лажното брадиче, Џим Кери е во акција и снима нов филм во Лас Вегас. До душа, малку наликува и на рок ѕвезда со лакираните нокти. Инаку, Кери игра заедно со Стив Карел, а во филмот се двајца магионичари кои постојано се натпреваруваат и надитруваат.

За време на паузите Кери постојано си ја врзувал косата во опавче, но очигледно е дека, како и секогаш Џим ужива во снимањето.

 

Напиши коментар