ШоуБиз

33 е несреќен број за Том Круз? Сите негови бивши сопруги се разведоа од него на 33 години

По се изгледа дека бројот 33 не е баш среќен за Том Круз. Едно мало истражување покажа дека неговите три поранешни сопруги потегнале иницијатива кога имале 33 години, а постапката била завршена кога имале 34.

Мими Роџерс имала 31 година кога стапила во брак со Том Круз во мај 1987 година. Се развеле кога таа имала 33 години. Неговиот втор брак со Никол Кидман, заврши во 2001 година кога Кидман имала 33 години.

Сега и Кејти Холмс ја покрена иницијативата кога има полни 33 години. Во секој случај до сега процесот на развод започнал на 33, а завршил кога тие имале 34 години.

Според нумерологијата бројот 33 припаѓа на Архангел Михаил. Тој број е асоцијација за љубовта, сите луѓе кои се поврзуваат со овој број се целосно несебични и даваат безусловна љубов.

Кејти Холмс, ќе бара и целосно старателство над нивната ќерка со цел да ја заштити од Скиентологијата.

Напиши коментар