Убавина

Брзо и лесно до промена на фризурата

Повеќето од нас нема можности често да оди на фризер а истовремено да има совршена фризура. Меѓутоа со малку труд и неколку идеи можете да си помогнете да го надминете проблемот на несредена коса.

Пред Вас се неколку совети како секој ден да изгледате поразлично од претходниот:

Игла за коса

Направете неуредна пунџа и прицврстете ја со шнола за коса со брош. Шнола  со брош е наједноставен начин да бидете едноставно елегантни.

Направете плетенки

Плетенките се еден од начините за трансформација на вашата коса. На страна, на темето на главата, без разлика плетенките се модерни во текот на целата година. Лабава плетенка на страна е идеална за опуштена варијанта.

Украсете ја косата

Ставите цветни, метални или чипкасти украси на косата. Ако сакате да изгледате боемски чипканиот украс е идеален избор, а доколку сакате футуристички изглед употребете метална варијанта.

Користете трака за коса

Декоративните додатоци како што е траката за коса се одлични за брза трансформација. Со помош на траките ви се отвараат безгранични можности за комбинирање.

Натапирајте ја косата

Ако мислите дека натапиранта коса е минато, грешите. Таа повторно се враќа во мода. Клуч за овој стил е рамната и глатка коса. На пример натапирајте ги предните прамени коса а долните врзете ги во репче.

Зголемете го волуменот на косата

Додавањето волумен е одличен начин за промена на фризурата.

Напиши коментар