Убавина

Конечно ! Потпетици кои ги топат вишокот килограми…

Потпетиците се на пописот на најпосакувани парчиња во ормарот на секоја жена, иако стручњаците често предупредуваат на штетноста која ја имаат по здравјето. Жените едноставно не сакаат да кажат НЕ на потпетиците…Но најновиот модел на потпетици кои на пазарот доаѓаат наредната година, ќе го привлечат вниманието и на оние кои не се толку големи љубителки на вртоглавите потпетици, бидејќи нивното носење гарантира еден конфекциски број помалку.

Моделот со име Antelope, ги комбинира стилот и слабеењето, а истражувањата покажуваат дека едномесечно носење на овие потпетици гарантира еден конфекциски број помалку. Самиот модел е дизајниран така што, при нивното носење, телото се подига исто како кај одењето по песок, со што мускулите на нозете, задникот и стомакот работат за да го одржат телото постабилно, а Вие, губите килограми…

Уште една предност за разлика од останатите чевли е дека работат и на правилното држење, го зајакнува ’рбетот и ги олеснува колената и зглобовите, како и напорот предизвикан од лошо држење на телото.

„Antelope High Heel помагаат при топењето на калории, го подобруваат тонусот на мускулите и правилното држење“- потврди гласноговорниокот на овој бренд кој додаде дека формулата за слабеење е многу едноставна, а истата е: согорување на поголем број калории, отколку оние кои ги внесуваме во организмот.

Напиши коментар