Убавина

38 минути за 2 и пол часа сјај – залудно потрошено време пред огледало?!

Шминка и фризура – утринскиот изглед пред да заминете на работа одзема време, а вие сте скоро сигурни дека не сте поминале долго време пред огледалото…

Едно ново истражување покажало дека жените во просек трошат околу 38 минути за уредување и разубавување наутро пред заминување на работа. Се чини дека сето тоа е залудно потрошено време, бидејќи за нешто повеќе од два часа ( поточно 2 часа и 22 минути)  целиот тој изглед повеќе не се забележува. Точно толку време е потребно руменилото да го снема од вашите образи, шминката околу очите да го загуби сјајот или да се размачка, а фризурата да се измени.

Ова истражување го направила компанијата Imperial Leather SkinKind, а со него се откриени уште неколку интересни нешта. Жената во просек секое утро поминува 10 минути во туширање, 11 минути за местење на косата , 8 минути за шминкање и 9 минути во изборот на гардероба.

Во истражувањето учествувале 2000 жени, а скоро три четвртини од нив признале дека во текот на денот нивниот утрински изглед го снемува.

 

Напиши коментар