Убавина

Вода, зеленчук и правилна нега се клучни за цврсти нокти

Негуваните и убави нокти говорат многу за карактерот и начинот на живот на личноста. Стресот предизвикува слабеење на имунитетот кој се одразува и на ноктите, односно ги прави покршливи. Еве ви неколку совети како да ги зајакнете ноктите, односно како да ја одржите нивната цврстина:

Пијте вода: Дневно конзумирајте најмалку два литри вода, бидејќи хидратацијата е од клучна вашност за правилни и здрави нокти кои не се кршат.

Протеини од зеленчук: За сјајни нокти особено добро влијаат и протеините од зеленчукот, како на пример гравот и грашокот.

Нега: Освен што е важно да се храните здраво, ноктите треба и да ги негувате. Изберете крема на база на вазелин и еднаш дневно втријте ја во кожата на рацете.

Одморете се од лакот за нокти: Иако лакот ги штити ноктите, потребно е од време на време да ги одморите ноктите од лак за да ја задржат цврстината. На секои две недели правете пауза од неколку дена без лак за нокти.

Зацврснувач: Избрете добар зацврснувач на нокти и редовно лакирајте ги ноктите со зацврснувачот. Правете го тоа најмалку еднаш во неделата.

 

Напиши коментар