Здраво тело

Благодатите на грејпфрутот

Ниските температури и ладното време го исцрпуваат организмот. Затоа е потребно да се консумира храна која ќе го му помогне на  вашиот организам полесно да го надмине овој период а истовремено да се соочи со ниските температури.

Едно од тие волшебни овошја кои можат на неверојатен начин да го подигнат еланот на вашиот организам е неговото височество грејпфрутот.

1. Ја смирува настинката

Консумирањето на витаминот Ц нема да ја спречи појавата на грипот, но ќе го намали интензитетот и ќе ги намали симптомите. Во случај да сте жртва на сезонскиот грип потребно ви е од 400 до 500 милиграми витамин Ц, а во еден грејпфрутот има околу 77 милиграми витамин Ц

2. Го штити срцето

Грејпфрутот изобилува со flavonidim, односно грејпфрутот содржи големо количество на hesperidin супстанција која е одговорна за поттикнување на добриот холестерол и намалување на лошиот холестерол и триглицеридите. Богат со пектонин супстанција која ги топи масните наслаги во крвните садови а со тоа и намалување на кардиоваскуларни болести и високиот притисок.

3. Големо благотворно дејство за кожата

Црвените пигменти во црвениот грејпфрут покажува на присуство на ликопен, антиоксиданс кој му помага на нашето тело да се спротивстави на стареењето на кожата. Ликопенот исто така добар антиоксидант кој го намалува ризикот од создавање на неколку видови на рак на дебелото црево, простатата и белите дробиви.

4. Помага во одржување на телесната тежина

Грејпфрутот ги топи масните наслаги, токму оние масни наслаги кои се причинители на омразениот целулит. Но грејпфрутот нема да биде од полза доколку не се придржувате кон урамнотежена исхрана.

Предупредување!!!

Колку и да е позитивно дејството на грејпфрутот врз организмот мора да се земе во предвид фактот дека тој го намалува ефектот од некои лекарства, особено оние кои се за регулирање на крвниот притисок, депресија, ХИВ … затоа се препорачува да се консултирате со вашиот лекар.

Напиши коментар