ШоуБиз

Прекрасен „ангел“ игра самба :)

Преубавиот „ангел“ на „Викторија Сикрет“, овие денови ужива во магијата на Бразил. Иако е бремена, таа не можела да ѝ одолее на одличната атмосфера, па станала и почнала да игра на ритамот на самба музиката.

Алесандра Амброзио е веќе во петиот месец од бременоста, но и покрај заоблениот стомак, таа изгледа гламурозно, особено ако го земеме во предвид фактот дека момантално се наоѓа во родниот Бразил.

Манекенката (30) се облекла во заносен сребрен фустан и се појавила во луксузниот хотел во Сао Паоло на журката во организација на списанието „Вог“. Не можела да одолее на самба звукот, па заиграла привлекувајќи бројни фотографи и обожаватели околу себе.

Напиши коментар