Преслатките близнаци на Мараја Кери и Ник Кенон си добија своја интернет страница. Нивната мајка ја отворила страницата „DemBabies“ со цел да може на неа да ги објавува семејните слики со близначињата.
Морокан и Монро имаат девет месеци, а на сликите се прикажани како заедно си играат, како и на некои прилично емотивни моменти со родителите.
– Нека рече некој дека не се преслатки, – бил коментарот на гордата мајка под сликите.
На сајтот засега може да се погледне само еден албум со фотографии од бебенцата. Наскоро се очекува Мараја да објави уште многу други.