Косата е она што луѓето најпрво го забележуваат на вас. Со разновидни фризури можете да ги совладате годините и да изгледате помлади. Еве пет предлози.
1. Коњска опашка
Правилно направена и затегната коњска опашка е елегантна и женствена во исто време. Може да послужи и за затегнување на лицето. За целосен изглед не заборавајте и замотан прамен околу ластикот.
2. Боб фризура
Слатка, симпатична, рамна или виткана боб фризура е знак за младоликост. За да постигнете совршен изглед, напред косата оставете ја подолга, а назад пократка.
3. Плетенка
Иако некогаш се сметаше за старинска фризура, плетенката настрана опишува млада девојка која штотуку сфатила дека е жена. Не мора да е совршено стегната, колку поопуштена, толку подобро.
4. Опуштена пунџа
Подигнете ја косата во пунџа без премногу да ја стегате. Пуштете неколку прамени шишки или пократка коса слободно да паѓаат. Овој изглед е младешки, опуштен и секси.
5. Светли прамени
Убаво направени, тенки светли прамени овозможуваат светлост на лицето и даваат младешки сјај. Основната боја нека биде две нијанси потемна од прамените.