Здраво тело

5 намирници кои ни даваат здравје и среќа

Ако една од вашите новогодишни одлуки во 2012 година да се хранете поздраво зошто не би почнале уште од првиот ден на новата година? Тоа би бил одличен почеток на новата година, но и закрепнувачко за вашиот желудник по гозбата без која новогодишниот дочек е незамислив.

Сокот од малите, но моќни зрна од калинка го снижува крвниот притисок и го регулира шеќерот во крвта.

Ако на вашето мени се најдат следните пет намирници, освен здравје во 2012 ќе ве следи и среќа!

1. Мешунки

Гравот, леќата, сојата и грашокот набабруваат кога се варат и поради тоа во многу култури се сметат за среќна храна. Дека мешунките навистина можат да носат среќа зборува и следниот факт: Богати се со влакна кои помагаат во топењето на салото на стомакот, го регулираат шекерот во крвта, ги спречуваат болестите на срцето и помага во превенцијата при ракот на дебелото црево.

2. Зелениот зеленчук

Кревкиот зимски зелен зеленчук како зељето, лисестиот кељ и блитвата го намалуваат ризикот од дијабетесот тип два, остеопорозата и артритисот. Фолната киселина, калиумот и другите хранливи состојки исто така штитат од висок крвен притисок. Секојдневно конзумирајте барем по еден оброк од зелениот зеленчук.

3. Грозје

Во Шпанија и делови на Јужна Америка според традицијата точно на полноќ се јадат дванаесет зрна грозје, за да новата година биде послатка. Според легендата традицијата ја отпочнале шпанските одгледувачи на грозје со цел да ги поттикнат луѓето да јадат повеќе овошје. Покрај тоа што е вкусно и освежувачко, грозјето е полно со антиоксиданти и ресвератрол, елементи кои штитат од воспаленија срцево заболување и болни зглобови

4. Риба

Рибите пливаат во јато и секогаш на напред, па јадењето риба за Нова година, према некои верувања ќе ви помогне во 2012 година да напредувате. Лососот, бакаларот и сардината се многу богати со Омега 3 масни киселини кои го заштитуваат срцето од болести. Исто така рибата помага при паметењето, помага против  артритисот и го смалува ризикот од дијабетесот. Јадете риба барем еднаш неделно.

5. Калинка

Додадете во вашето новогодишно мени зрца од овој слатко – киселкаст плод. Сокот од овие мали, но моќни зрна го снижува крвниот притисок и триглицеридите и го регулира шеќерот во крвта. Калинката го  забавува стареењето и ја штити кожата од воспаление и штетните сончеви зраци.

Напиши коментар