Убавина

5 навики кои ги уништуваат забите

Доколку мислите дека, знаете се за хигиената на забитете. Дека правите се како што треба, за да сјаат вашите заби, сигурно ќе се изненадите кога ќе откриете колку секојдневни навики правиме кои се штени за забите…

Ви прикажуваме 5, кои би требало веднаш да ги промените..

1. Прегрубо четкање на забите.

Иако звучи како добра работа, но претврдата четка и прегрубото четкање може трајно да ја оштети глеѓта на забите, да предизвика преосетливост и појава на кариес, но може и да предизвика повлекување на непцето.

Користете помека четка и со кружни потези четкајте ги забите барем 2 пати дневно.

2.  Погрешна паста за заби.

Исто како и чеката за заби, така и пастата може да биде преагресивна. Многу пасти содржат микро гранули и зрнца кои помагаат во отстранувањето на флеките , но можат трајно и да ви ги оштетат забите. Истото важи и за непцата. Затоа пронајдете паста која ви одговара по вкус, но и со текстурата , а по препорака , одберете ја таа за осетливи заби.

3.  Некористење на конец за заби.

Доколку помисливте дека со четка за заби можете детално да ја исчистите усната шуплина, се лажете, бидејки помеѓу забите , не може четкичката да допре, а конецот може да ги спречи и воспаленијата  и насобраниот камен.

4.  Газираните пијалоци.

Газираните пијалаци , а посебно кока колата, содржат киселини кои нагло ги оштетуваат забите. Затоа, избегнувајте ги , со оглед на тоа што не се добри ниту за вашето здравје.

5.  Храната која остава флеки.

Забната глеѓ, е како порцелан. Се што остава флеки на вашиот тањир , остава и на вашите заби, но трајно… Кафето, чајот, кока колата, разни сосови и црното вино, сето тоа се таложи на забите. Затоа е добро , после секој ручек, добро да ги измиете  забите.

 

 

 

 

 

 

Напиши коментар