Здраво тело

5 огромни причини да појадувате

Старите кажале „Појадокот не го давај на никого изеди го, ручекот подели го со пријател, вечерата дај ја на непријателот“ . Сакате ли да живеете здраво? Одговорот е секако ДА!!! Штом е така тогаш почнете да појадувате секое утро и престанете да го прескокнувате најважниот оброк од денот.

Погледнете зошто е тоа така!!!

-1- Доручекот помага да имате витка става

Постојат научни докази дека редовното јадење наутро е поврзано со долготрајното зачувување на витката линија и намалување на телесната тежина кај дебелите луѓе. Ако редовно појадувате, на организмот му давате сигнал да го стимулира метаболизмот, односно слободно трошење на „горивото“. Ако го прескокнувате појадокот телото се префрла на „мод на штедење“ што значи и помалку трошење на калории.

-2-  Со прескокнување на појадокот тешко ги задоволувате нутриционите потреби

Според нутриционистите возрасните личности дневно треба да јадат 5 порции овошје или зеленчук, 3 порции житарки, 2 порции млеко и млечни производи и 2 порции месно или алтернативи на месо. Секоја порција по 100 грама.

-3- Појадокот лесно се јаде и да не сте гладни

Многумина признаваат дека самата помисла да стават нешто друго во организмот освен кафе им прави гадење. На истите мора да им се напомене дека постојат и течни појадоци. Почнете со течните појадоци да го навикнувате организмот постепено да се навикне на утринското внесување храна.

-4- Појадокот дава дополнителна енергија

Храната е главен извор на енергија, па ако организмот веќе наутро се снабди со потребната количина на хранливи материи Вие ќе бидете полетни преку целиот ден.

-5-   Ќе бидете попаметни

Појадокот го снабдува мозокот со потребната енергија, и на тој начин Вие ќе бидете посконцентрирани, проблемите ќе бидат помалку стресни и напорни.

Напиши коментар