Art & Crafts

5 работи за чоколадото кои не ги знаете

Доколку сте како поголемиот број на жени, најверојатно го обожавате чоколадото. Но сигурно сте од оние кои „не ги знаат“ следните 5 факти за чоколадото.

1. Го зголемува ефектот на вежбањето

Заборавете на скапите спортски и протеински пијалаци. Истражувањата покажаа дека чоколадното млеко е под еднакво позитивно за зголемување на енергијата, а истовремено ги смалува болките во мускулите.

2. Не го сакате чоколадото поради „оние денови“

Менструалните денови немаат никаква врска со желбата за зголемен внес на чоколода во организмот. Едноставно чоколадото е „храна за утеха“ и тоа е единствената причина зашто сакате да јадете чоколадо кога ве мачи ПМС.

3. Чоколадото има мал процент на кофеин

Општа е предрасуда дека чоколадото е полно со кофеин. Имено во 50 грама чоколадо има  20 милиграми кофеин, во споредба со една мала шолја на кафе која содржи 100 милиграма кофеин или чај кој има 50 милиграма кофеин.

4. Содржи  FLAVONOIDI – тајната на животот

Благодарение на едноставанта хемиска структура, flavonoidi – те имаат антиоксидантско, антивоспалително дејство. Консумирањето на  храна богата со flavonoidi  е поврзано со намалување на ризиците од срцеви заболувања. Значи чоколадото содржи огромен процент на flavonoidi, и затоа неретко се кажува дека чоколадото го подмладува телото.

Држете се до црното чоколадо.

5. Чоколадото не е лошо за забите

Се испостави дека чоколадото содржи огромен процент на tiobromin – органска молекула која ја содржи какаото и која ја зајакнува забната глеџ. Но tiobromin во комбинација со шеќер и млеко станува штетен за забите. Затоа се препорачуваат чоколада со висок квалитет кои содржат поголем процент на какао ( над 70 % ).

Напиши коментар