Ние ги најдовме најбитните информации за витамините, а ваше е само секојдневно да ги внесувате во исхраната.
Витамин А ( бета каротен, ретинол) – важен за добар вид, здрава кожа, коска и слузницата на грлото, носот, дишните патишта. Се наоѓа во портокалот, во жолтите овошки и зеленчуци, како и во темно зелените како кељ, млеко и друго.
Витамин Ц – најбогатиот извор на овој витамин се овошјето и зеленчукот, а најдобро е да се консумираат свежи. Помага во затворањето рани, модрици, скршени коски. Најпознат е по способноста да спречи настинки.
Витамин Д – главната улога е да одржува рамнотежа на калциумот во организмот. Ги чува забите и коските. Присутен е во повеќето намирници од животинско потекло, но и во риби, како сардина, лосос и бакалар.
Витамин Е – овој витамин е важен за правилно функционирање на имунолошкиот, ендокриниот состав и жлездите. Добар антиокдисанс, штити од срцеви заблувања и спречува пребрзо стареење на кожата. Најмногу го има во растителните масла, темнозелените зеленчуци од листови, плодовите од морето, јајцето, авокадото.
Витамин К – потребен е во мали количин, но неопходен за производство за клучните белковини кои се важни за крвта и работата ан бубрезите. Природни извори се зелката, спанаѓ, коприва, грашок, соја, морков, компир, домати, рибино масло, алги.