← НАЗАД НА БОЗА

50 Cent повторно во болница…

50 Cent повторно во болница…
397 Читања

Раперот 50 Cent во раните утрински часови по локално време, во Њујорк доживеа сообраќајна несреќа. Тој се возел во својот џип, кој бил управуван од неговиот личен шофер кога камион со голема брзина удрил одзади.

Поради големата брзина со кое се движело возилото излетало од патот и за малку не се превртело. Од сообраќајката Кетрис Џексон – 50 Cent, се здобил со сериозни повреди во грбот и вратот, а шоферот поминал со помали повреди.

Испитувањата се во тек, па доколку се востанови дека повредите се поголеми тогаш ќе мора да оди на операција.

Оваа година тој беше и отруен со храна, но и тоа го надмина. На оваа случка неговиот пријател Еминем искоментирал: “Брат преживеа 9 куршуми зарем сега ќе се предадеш на една расипана плескавица”.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk