ШоуБиз

„50 Cent“ во болница!

Тој е еден од најопасните момци на сцената, а кога ќе го видите во ваква состојба, нема да можете да си поверувате на очите.

Раперот „50 Cent“ неодамна завршил во болница каде се чека да му се изврши операција. Времето кое тој го поминува во просториите на болницата решил да го исполни со фотографирање. Потоа фотките ги поставил на својот Твитер профил и на нив се гледа како тој лежи во болнички кревет опкружен со плишани мечиња.

Засега не открива која е причината поради која се нашол во болница, а еден негов пријател изјавил дека раперот има проблеми со желудникот.

–          Фифти е добро. Не е ништо сериозно. Наскоро треба да одржи промоција на албумот „Lost Tape“.

Напиши коментар