Убавина

6 најголеми причинители на целулитот

Проверете кои се најголемите виновници за настанокот на најголемото зло на нашето тело – целулитот.

Добра вест – сите можат да се избегнат.

Долготрајното седење

 Дали сте знаеле дека на ден се движиме и до 15 км. помалку отколку што тоа го правеле нашите предци? Поради недостатокот на физичка активност, трошиме многу помалку калории и склони сме кон таложење на масни наслаги.  Во телото ни е успорен протокот на крв, што може да предизвика и срцеви заболувања. Слабата активност, влијае на лимфната циркулација. Доколку се движиме премалку, се успорува нашиот лимфен систем а истото се случува и кога облекуваме тесна гардероба.

Стареење

Факт е дека повеќето жени, со текот на годините добиваат по 4 – 7 кг. повеќе на секои 10 год. А познато е дека маснотијата носи и повеќе целулит. Со стареењето, кожата станува се потенка, а наслагите се се повидливи.

Гојазност

Ова е светски здравствен проблем, број 1. Хронично пореметување предизвикано од гојазноста , чиј главен адут е целулитот. Тоа не значи и дека слабите луѓе немаат целулит, но дебелките луѓе му се многу по наклонети.

Пушење

Пушењето не само што е претерано штетно за здравјето, туку е и дефинитивен придонесувач за  целулитот. Пушењето создава мноштво на слободни радикали, ги разорува колагенските влакна и доведува до настанок на целулит кој со годините е се повидлив. Затоа пушачите треба да внесуваат се поголема количина  на витамин Ц, бидјки го регенерира колагенот и го намалува штетното дејство од пушењето.

Претераното сончање

Клучен фактор за настанувањето на рак на кожата. Но пржењето на сонце доведува и до губење на еластичноста на кожата и до настанок на целулит.

Штетни материи внесени преку храната и пијалакот

За настанокот на  целулитот виновници се и алкохолот и кафето, шеќерите и мастите. Тие директно не го поттикнуваат целулитот туку го реметат лимфниот систем и на тој начин делуваат на неговата појава. Секоја шолја кафе го лишува телото за околу 6 мг. калциум – а калциумнот ни помага во топењето на салото. Многумина би си помогнале, доколку презасладените сокови ги заменат со вода, слатките – со овошје, а и треба да се намали внесувањето на солта во организмот. Нормално, алкохол да се конзумира само во посебни прилики.

 

 

 

Напиши коментар