Motherhood

6 работи кои смеете да ги правите за време на бременоста

Пред се периодот на бременоста треба да го поминете здрави и да се осигурате да му дадете на своето бебе се што му е потребно. Ова се неколку работи кои можеби сте мислеле дека не се дозволени, но сепак можете да ги правите.

Јадете суши – мислевте дека не смеете? Веднаш одете до најблискиот проверен ресторан и почастете се едно. Можете да купите и замрзнати и сами да си подоготвите.

Сончање – нема причина сите девет месеци да ги поминете под сенка. Смеете да седите на сонце се разбира во термините пред 12 часоти по 17 часот. Единствено нешто што не треба да заборавите е да нанесете заштитна крема и да пиете многу вода.

Фарбање на косата – воздржете се од целосно фарбање, но сепак можете да извадите прамени кои се идеален спас доколку сакате да промените нешто со косата за време на бременоста.

Патување со авион – можете да летате со авион за време на бременоста, се разбира доколку немате некои компликации за кои ве предупредил гинекологот. Ако сте ја поминале 28-та недела од бременоста консултирајте се со него и тој ќе ви каже дали е паметно да летате или не.

Јадење сирење – ак оконсумирате сирење можете да се изложите на ризик од листериоза, која може да му наштети на плодот. Но ако сирењата се пастеризирани и без кора тогаш можете да ги јадете. Со други зборови на вашата трпеза може слободно да се најде camembert.

Пиење кафе – треба да го ограничите внесувањето на кафето но не и да го исклучите. Значи доколку немате некакви проблеми во бременоста дозволено е две шољи кафе на ден.

 

Напиши коментар