ШоуБиз

Halle Berry знае како со папараците!

На актерката Halle Berry дефинитивно ѝ дошла преку глава опседнатоста на папараците со нејзиниот живот. Секој мал детаљ од нејзиниот живот е пренесен во таблоидите, а да не зборуваме за оние поголемите настани од нејзината приватност.

Таа и овој пат се најде на насловната страна на едно списание, но поради напад врз папараците кои ја следеле неа и нејзината ќерка. Откако го оставила детето на училиште, Halle пробала да се пресмета со фотографите.

Викала, мафтала со рацете, го покажувала средниот прст и пцуела.  На еден фотограф му се приближила и почнала силно да му вика, по што пристигнал и друг автомобил со папараци на чиј прозор актерката почнала силно да удира со рацете.

На крај се свртила и си отишла, нормално без да ја следат папараци.

Напиши коментар