Се обидувате да се храните здраво, а исто така користите и креми со заштитен фактор за вашата кожа, сепак некогаш наједноставните работи се и најдобри.
Еве неколку намирници кои треба да ги вклучите во вашата исхрана за да имате убава кожа:
Манго – совршен извор на бета каротен, кој се претвара во витамин А. Доколку неможете да најдете манго во најбилската продавница, обидете се со морков, компир, кајсии.
Салата од пченка – пченка, црн грав и манго се незаменливи намирници кои помагаат вашата кожа да изгледа одлично. Што пократко термичко обработување на пченката и гравот тоа подобро.
Сок од портокал – сокот од свежо исцеден поротокал е полн со антиоксиданси и витамини.
Млечни производи – тие ќе ви дадат доволна количина на калциум и витамин Д. Една чаша јогурт на ден е сосема доволно.
Бадеми – тие ќе ви ја дадат количината на витамин Е која може исто така да се најде и во сончеголедот, кикириките, орасите или лешниците.
Пилешко месо – со него ќе ги добиете цинкот и протеините, кои се важни за убавата кожа.